Заев: Да ја направиме 2021-ва година на силен исчекор напред, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ
Македонија со Грција покажа дека е возможно од процес на недоразбирање двете земји да излезат како посилни пријатели. Тоа е возможно и со Бугарија и затоа бараме и создаваме истомисленици за оваа наша цел и за ова наше уверување, рече премиерот Зоран Заев на пленарната сесија што се одржа денеска во рамки на Самитот за Западен Балкан во Виена.
Заев пред учесниците на сесијата оцени дека сега постои солидна политичка поддршка за политиката на проширување и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан која нему лично, како што истакна, му ја потврдиле повеќемина европски лидери, како и сите највисоки претставници на ЕУнија за време на неодамнешната посета на Брисел.
Тој изрази задоволство од препознавањето на важноста Западен Балкан да биде дел од иднината на Европа.
-Затоа, да ја направиме заеднички 2021-ва година за паметење, во која ќе биде направен силен исчекор напред бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија. Евроинтеграциите не се трка на кратки патеки, туку маратон со крајна цел – европеизирање на нашата земја. Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме – нема да запреме, порача Заев.
Според него, со новата Европска комисија, која ја продолжува искрената определба за проширување на претходната, и со лидерите на земјите членки на ЕУ кои ја прифатија новата методологија за проширување, оваа стратешка цел на ЕУ доби повторна виталност која не смее да се загрози со натамошни одлагања на сериозни и конкретни чекори кои се однесуваат на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан.
Во своето обраќање, на пленарната сесија, изразувајќи благодарност за поканата на канцеларот Курц и за организацијата на Самитот за Западен Балкан ставена во перспектива на конференцијата на ЕУ – „Иднината на Европа“, премиерот Заев истакна дека дебатата се случува во клучен период од повеќе причини кои постојат и во Европската Унија и во регионот Западен Балкан.
Премиерот Заев денеска присуствува на Самитот за Западен Балкан во Виена, на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц. Во рамки на Самитот тој учествуваше на пленарен состанок заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерите на Црна Гора и Косово, Здравко Кривокапиќ и Албин Курти, како и Зоран Тегелтија, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина, албанската министерка за инфраструктура и енергија, Белинда Балуку и посебниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак.
Заев се заблагодари на канцеларот Курц за лидерството со кое се бори за интеграцијата на Западен Балкан и за менаџирањето на доставата на вакцините во регионот.
Ново на Сител
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни
-
Македонски државјанин пронајден починат во стан во Саранда