Заев: Членството во НАТО ќе донесе нови инвестиции во економијата

Убеден дека заедно на 30 септември ќе донесеме правилна одлука со која ќе ја обезбедиме иднината на европска Македонија и ќе му порачаме на светот кој силно не поддржува дека сме цврсто определени за интеграција со ЕУ и НАТО, рече вечерва во скопската општина Карпош премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на граѓанската трибина организирана од коалицијата „Излези за европска Македонија“.
Зачленувањето во НАТО, според Заев, ќе донесе нови и големи директни странски инвестиции во економијата во Македонија.
- Сите комори во државава се заедно со оваа коалиција заради тоа што бизнисите имаат иднина во европскиот пазар од 500 милиони потрошувачи што е 250 пати поголем од македонскиот пазар. Синдикатите се сите со нас затоа што знаат дека покрај перспективите на нашата земја ќе имаат поголеми работнички права, поголеми плати и подостоинствени работници, рече Заев.
Македонија до сега, како што истакна Заев, добива 90 милиони евра грантови на годишно ниво.
- Тоа се 260 илјади евра дневно помош од ЕУ за граѓаните и институциите во Македонија. Секоја година имаме 18 милиони евра директна поддршка за правосудството и за безбедноста во државата, 18 милиони евра годишно имаме за транспорт, односно за патишта, железници, тунели и мостови, 8,5 милиони евра годишно добиваме за граничните премини, 15 милиони евра добиваме поддршка за земјоделството, истакна Заев.
Во контекст на тоа, додаде дека секаде провејуваат европски пари затоа што Европа е искрен пријател на Македонија.
- НАТО и ЕУ, покрај безбедноста значат и економија. Убеден сум дека со ваквите чекори ја заокружуваме и најважната причина - економски раст и развој, обезбеденост на целокупните перспективи на нашата земја. Да направиме конечно после 27 години квантен скок..., рече Заев.
Зборувајќи за договорите со Бугарија и Грција, премиерот Заев истакна дека преку овие договори веќе немаме проблеми со признавањето на нашата земја, народот, идентитетот и јазикот.
- Македонија денеска со сите свои соседни е пријател. Добивме пријатели кои убеден сум дека силно ќе не поддржат на нашиот пат и определбата за европска Македонија, потенцира Заев.
Тој посочи дека добиваме иднина и им гарантираме на нашите деца перспективи.
- Сега е моментот да застанеме заедно и да донесеме одлука за европска Македонија. Ова не е за партиите, ова е за нашата Македонија и за идните генерации, рече Заев.
Ново на Сител
-

Затворен за сообраќај патот Македонска Каменица-Делчево поради сообраќајна несреќа | ФОТО
-

Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење
-

Од недела дожд и пониски температури
-

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети се повлекува
-

Премиерот на Сингапур: На светот му се заканува глобален економски хаос
-

Одложено рочиштето против мотоциклистот кој смртно прегази пешак во близина на Паркот на Франкофонијата
-

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017
-

Димитриевски: Повеќе од јасно е дека Куманово сака да продолжам да го водам и натаму
