Заев – Брнз: Политиките на дијалог отвораат перспективи, САД со поддршка за евроинтеграциите
Партнерството меѓу Македонија и САД е реафирмирано на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз.
Како што соопшти владината прес-служба,констатирано е дека политиките на дијалог отвораат перспективи за нашата држава и за целиот регион, а Соединетите Американски Држави, како што е соопштено, се заинтересирани за позитивни процеси во регионот.
-Во таа насока е пренесена поддршка од САД за натамошен напредок на Македонија, по НАТО - и во процесот на европските интеграции. При тоа е изразена заедничка согласност дека е време да продолжи проширувањето на ЕУ, коешто ќе значи охрабрување за целиот Западен Балкан, заедно со НАТО перспективите, државите од регионот да продолжат да се развиваат според демократските вредности, соопштуваат од Влада.
Премиерот Заев се заблагодарил на големата поддршка од САД, како клучен стратешки партнер во развојот и во демократизацијата на Македонија и најави дека нашата држава и натаму ќе дава аргументи за да продолжи поддршката од САД и од меѓународните пријатели.
-Фокусирани сме кон позитивен развој на настаните во врска со следниот чекор во евроинтеграциите, како и кон развојот на добрососедските односи со Бугарија. Продолжуваме и со реформското темпо, како и со борбата со криминалот и корупцијата. Владата е цврсто определена кон поддршка на независноста на судството и еднаквост на секого пред законите. Со смирувањето на пандемијата очекуваме засилување на темпото на големиот инвестициски план што го имаме, а чијашто цел е унапредување на животниот стандард на граѓаните на економски план и според европските вредности, рече премиерот Заев.
На состанокот била поздравена определеноста на Владата кон, како што велат од прес-службата, успешно справување со криминалот и корупцијата. Исто така, заеднички е оценето дека е важно сите политички субјекти да дадат свој придонес во Парламентот, за прашањата од полза на граѓаните.
-Градењето консензус и политичкиот дијалог се здрави за секое демократско општество и како земја членка на НАТО и држава којашто има за цел да стане членка на ЕУ, силно сме посветени на ваквиот начин на работа, рече премиерот Заев.
На средбата било разговарано и за можностите за унапредувања на соработката помеѓу САД и Република Македонија, во областа на здравството, енергетиката, економијата, како и за подготовките за претстојните локални избори во нашата држава.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
