Заев: Борбата за правата на жените почнува од секој од нас поединечно
Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, во која посочува дека борбата за правата на жените и девојките почнува од секој од нас поединечно.
-Избирам да предизвикам да ја менуваме културата на третманот кој жените го имаат во нашето општество. Се придружувам во повикот Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство. Немаме повеќе ни минута за губење. Жртвите мора да бидат заштитени, наведува премиерот во честитката.
Тој ги повикува и владините надлежни институции да ги забрзаат измените во законската регулатива, сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик со мерки за итно постапување на овие случаи, со цел, како што наведува, да се оневозможат идни Јавни соби.
-Денеска избирам да предизвикам промена во тоа како ја разбираме родовата еднаквост. Таа е повеќе од еднаква застапеност и дека таа е силно врзана за правата на жените и како ги применуваме во секојдневниот живот. Кога реков дека борбата за правата на жените и девојките почнува од секој од нас поединечно ве предизвикувам да го следите мојот пример. Во мојот кабинет на повеќе од 70 отсто од местата се жени или девојки. На раководните места – повеќето се жени, наведува премиерот во честитката.
Натаму додава дека од осум министерства во Владата со кои раководат членови на СДСМ, во четири ресори раководат жени, кои, како посочува, „произлегоа од родово рамноправни тандемски двојки кои за првпат се воведоа како принцип на парламентарните избори“.
-Политичкото и економското зајакнување е одговорот на напредните демократии, какво што општество тежнееме да сме ние. Избирам да предизвикам да создаваме услови жените да се таму каде што се носат одлуките. Честит 8 Март, за родово еднакво општество!, наведува премиерот Заев по повод 8 Март Меѓународниот ден на жената.
Ново на Сител
-

Денес облачно време со сончеви периоди и повремен дожд
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
