Заев-Безак: Голема поддршка од Словачка за реформската Влада и Република Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев претпладнево се сретна со амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак.
Република Словачка и Варшавската група, како што соопшти прес-службата на Владата, изразуваат силна поддршка на премиерот Заев и новата реформска Влада во Македонија, како и на евро-атлантските аспирации на нашата држава.
Словачкиот амбасадор пренел дека неговата земја и земјите од Варшавската група, се подготвени да помогнат во сите потребни процеси и проекти, што треба да ја придвижат земјата во евро-атлантските интеграции и да обезбедат квалитетен живот за граѓаните во Македонија.
Премиерот Заев го информирл амбасадорот Безак за успешната посета на Трст, од каде што претставниците на Владата се вратија со јасно изразена поддршка од светските лидери, премиерите на Германија, Франција, Велика Британија, Италија, за Република Македонија, во која што се гледа предводник во регионалниот развој.
- Владата на Република Македонија е сериозно посветена на итните реформски приоритети на кои што се обврзавме во амбициозна временска рамка, План 3-6-9. Нашата цел е на есен ЕК да ја тргне условеноста на препораката за преговори на Македонија со ЕУ, а во брзо време да добиеме и датум за почеток на преговори. Овие реформи очекуваме да придонесат да се отворат и вратите на НАТО и Македонија, по Црна Гора, да биде следната членка на Алијансата. Почнавме со продлабочување на добрососедските односи, што треба да ги отворат перспективите за Македонија и за регионот. Посетата на Трст покажа дека Брисел ја препознава одлучноста, одговорноста и зрелоста со која што ги водиме внатрешните и надворешните политики и затоа Владата доби подадени раце на поддршка. Ние тоа го почитуваме и ќе ја оправдаме довербата, истакнал премиерот Заев.
Двајцата соговорници разговарале и за важноста на Националната конвенција за евроинтеграции, што треба да започне да се реализира во Македонија од октомври, при што е изразена заедничка поддршка.
На средбата биле разгледани и можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Словачка во повеќе области, значајни за граѓаните на двете држави.
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
