Заев апелира на мирни протести

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска ги повика граѓаните мирно да протестираат, а припадниците на полицијата да не употребуваат, како што рече, прекумерна сила врз граѓаните.
- Ова се нашите полицајци и ние мора да водиме грижа за нив, но истовремено испраќам порака и до нашите полицајци да не се случува прекумерена употреба на сила бидејќи тоа се наши граѓани коишто имаат право на свои чувства и реакции, изјави Заев по потпишувањето на Платформата за демократска Македонија од страна на Демократската обнова за Македонија.
Тој додаде дека ќе биде дел од денешните протести организирани од невладините организации, но оти и таму ќе апелира протестите да бидат мирни.
- Знам дека и денеска има најавено протести. Секако и јас ќе бидам учесник на овие протести заради тоа што како граѓанин се приклучувам на организацијата на невладините организации. И таму ќе апелирам на мирни протести водејќи грижа за нашата заедничка Македонија, рече Заев.
Тој изрази задоволство што се зголемува бројот на потписници на Платформата за демократска Македонија.
- ДОМ, како сериозна партија, застанувајќи зад овој документ навистина испраќа сериозни пораки на самата вредност на документот и начелата на коишто полага Платформа за демократска Македонија, рече Заев.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
