Заев: Алтернатива за ЕУ нема и не треба да има
Нема алтернатива за членство во Европската Унија, но ЕУ за жал ја држи Република Македонија речиси 17 години како земја кандидат, без притоа да го овозможи заслужениот следен чекор за нашиот пат кон интеграциите. Во такви околности, тоа го признаваат и 26 земји членки, што јавно и гласно зборуваат за заслуженоста на нашата земја да ја добие првата меѓувладина конференција, истакна премиерот Зоран Заев во одговор на пратенички прашања во Собранието.
Заев посочи дека во официјалниот извештај од ЕУ, сто проценти се потврдени процесите што биле обврска на Македонија за добивање датум за почеток на преговорите.
– Одлуката е донесена, но првата меѓувладина конференција не е закажана, затоа што само една членка на ЕУ не дава согласност за започнување на преговорите, додава тој.
Премиерот истакна дека државата никогаш повеќе не била афирмирана на патот кон ЕУ, колку што е во последните години.
– Нашата земја е пример за соживот и контрааргумент на сите негативни тези за етнички територии и граници и на Балканот, а и пошироко на европскиот континет. Нашата змеја е пример дека низ дијалог и дипломатија можат да се решаваат најтешките прашања што можеле да бидат решени многу поодамна ако навистина сите сме се залагале за членство во ЕУ и НАТО. Оваа Влада што јас ја предводам тоа признание го има од целиот демократски свет и тоа мора и треба да го признаете бидејќи е видливо, истакна Заев.
Во однос на тоа дали „Отворен Балкан“ е алтернатива за ЕУ, Заев истакна дека алтернатива за членство кон ЕУ нема и не треба да има.
– Додека чекаме ЕУ да се одлучи, нема дилема дека работиме и градиме пријателство, да ги отвораме сите административни пречки и бариери, се со конечна цел да донесеме поголема благосостојба на нашиот народ, на нашата економија, трговија, извоз бидејќи тоа носи поголем бруто домашен продукт, економски стандардни, работни места и слично, објасни премиерот.
Тој додаде дека со иницијативата за „Отворен Балкан“ во случај на природни катастрофи на располагање ќе има три пати повеќе капацитети за реакција кога треба да им се помогне на граѓаните, односно сега на располагање ги имаме српските и албанските сили.
– Потпишавме договор за признавање на работни дозволи за да можеме слободно да работиме каде што ќе одлучиме, потпишавме договори за целосно ослободување на протокот на стоки и патници на нашите гранични премини, вели Заев.
За крај тој порача дека пред четири години Македонија била во кавга со Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија, што донесе разочараност, а сега како што посочи премиерот постои соработка во регионот, а лидерите седат заедно и зборуваат во ист дух за придобивките на народот.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово