Заев – Ал-Тани: Има интерес од Катар за инвестирање во земјава
Бизнис заедницата од Катар има интерес за разгледување на можностите за инвестирање во земјава, беше речено на денешната средба на премиерот Зоран Заев со новиот амбасадор на Државата Катар, Јасим бин Хамид Ал-Тани.
Како што соопшти владината прес-служба, „ на состанокот се поздравени членството на Република Македонија во НАТО и политиките на дијалог и пријателство на премиерот Заев што донесоа решение на долгогодишниот спор со Република Грција, за што е оценето дека е успешен пример во светски рамки“.
Оценето е и дека Република Македонија е мирољубива и пријателски определена држава која бележи напредок и има потенцијали за натамошен развој.
-Ние сме насочени кон евроатлантските интеграции како стратешка определба на државата и истовремено работиме на создавање услови за подобар животен стандард и за економски развој на државата. Во таа насока ни е важна соработката со сите држави, посебно на економски план, рече премиерот Заев.
На средбата е констатирано дека се унапредува соработката со Катар во делот на енергетиката, како и дека постојат можности за продлабочување на соработката во областа на туризмот, транспорт, земјоделие, културата.
Ново на Сител
-
Приведен радовишанец кој извршувал кражби во Струмица и Радовиш
-
Спречени обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови
-
Трамп вели дека има право да депортира мигранти без судење
-
ЦУК: Пожарот на градската депонија во Демир Хисар сè уште активен, но под контрола
-
Деветмина загинати и 30 ранети во руски напад врз украинскиот град Марханец
-
ММФ прогнозира раст на македонската економија од 3,2 проценти
-
На погребот на папата Франциск се очекуваат над 200.000 лица
-
Лани создаден комунален отпад од 790 866 тони, 438 килограми по жител