-->
-->
Заев: Ако не добиеме датум за почеток на преговорите, ЕУ ќе го казни најдобриот пример во Европа
-->

Нашиот фокус во моментов е одлуката на ЕУ за пристапни преговори, за оваа одлука чекаме веќе 15 години, порача премиерот Зоран Заев во рамки на самитот на „Економист“.
"Кон средината на октомври нашата земја очекува позитивна одлука од ЕУ, прво затоа што ни ветија. Разбираме дека некои земји се против проширувањето, но мојата прва порака е дека ние не очекуваме веднаш да станеме членка на унијата, туку само да ги започнеме преговорите. Мојата втора порака е дека ако лидерите на ЕУ не одлучат позитивно, ќе го казнат најдобриот пример не само во Европа, туку во целиот свет. Затоа сметам дека отпочнувањето на пристапни преговори ќе биде многу важно за целиот регион" порача премиерот Заев.
Деспина Тодоровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: За две недели ќе знаеме дали е можен напредок во преговорите за Украина
-
Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во Вашингтон да носат огнено оружје
-
Важно е да имаме убаво место за живеење | Каја Шукова | Неформално | Sitel Podcast 110
-
ЦУК: Активен пожарот кај селото Тумчевиште, под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско
-
Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина
-
Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина
-
Илјадници Италијанки жртви на виртуелно сексуално насилство
-
Вучиќ ги повикува студентите во блокада на разговор, тие му одговорија - Прво распиши избори