Заем од ИФЦ за изградба на фабриката на КСС во Кичево
ИФЦ обезбеди заем од 8 милиони евра за изградба на фабриката за воздушни перничиња во Кичево на американската компанија „Ки Сејфти Системс“ (КСС) со која ќе се отворат 1.000 работни места до 2017 година.
- Новата инвестиција на КСС во Македонија е согласно нашата посветеност да ги опслужиме корисниците преку обезбедување квалитет, цена и технологија најдобри во класата, изјави Ралф Каспари, претседател на Европската дивизија за пасивна безбедност на КСС.
Тој нагласи дека новата фабрика во Кичево ќе работи за програмата на КСС за производство на воздушни перничиња во Европа, која е базирана во Романија.
Прецизира дека КСС дизајнира, развива и произведува безбедносни компоненти и системи за автомобили, кои вклучуваат механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и безбедносни појаси.
Регионалниот менаџер во ИФЦ за Западен Балкан Томас Лубек рече дека оваа трансакција е дел од стратегијата на ИФЦ во Македонија да ги подобри вредносните вериги во автомобилскиот сектор и да привлече нови инвеститори во оваа област.
- ИФЦ ги поддржува развојот на автомобилскиот сектор во Македонија и отворањето нови квалификувани работни места во државата, изјави Лубек.
Тој посочи дека привлекувањето странски инвеститори како КСС кои инвестираат во проекти ориентирани кон извоз ќе бидат од големо значење за локалното стопанство.
ИФЦ е членка на Групацијата Светска банка, и е најголемата светска развојна институција посветена на приватниот сектор во земјите во развој. Работи со повеќе од 2.000 претпријатија низ целиот свет.
Македонија стана акционер и членка на ИФЦ во 1993 год. Оттогаш, инвестициите на ИФЦ во Македонија достигнаа 401,8 милиони долари, вклучувајќи 181,7 милиони од партнери, како дел од 21 проект во најразлични сектори. Исто така, ИФЦ поддржува трговски текови од 48,5 милиони долари преку својата програма за финансирање на трговијата. ИФЦ работи на подобрувањето на инвестициската клима, развојот на приватните фирми и зголемување на учеството на приватниот сектор во развојот на инфраструктурата. Според новата Партнерска рамка 2015-2018 год. на Групацијата Светска банка, ИФЦ ќе обезбеди финансирање до 100 милиони долари.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели