Задолжителен седумдневен карантин по пристигнувањето во Грција
Освен потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои ќе пристигнат во Грција на било кој начин и од било која земја, задолжителен е седумдневен домашен карантин, согласно министерската одлука од надлежните министерства и одлуките на Агенцијата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина.
Доколку посетителите престојуваат во Грција помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, сè до нивното заминување.
Одлуката ги вклучува и земјите од Европската Унија, а паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар (Passenger Locator Form) за патување во Грција.
За сите патници од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно задолжителен рапид тест по пристигнувањето, а по истекот на седумдневниот карантин, потребно ќе биде да направат ПЦР тест.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна