Забранета љубов причина за убиството на Јелена: Синот на Зоран бил заљубен во неа!
Истрагата во врска со убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ зазема толку морбидни размери што нема да верувате. Сите тврдат дека најсомнителен за убиството е синот на Зоран, сопругот на Јелена од претходниот брак, кој бил лудо заљубен во својата маќеа.
Се работи за 17-годишниот У.М. кој ја сакал маќеата само за себе.
Тој бил сослушан во полиција, но велел дека не знаел многу за неа и немал што да каже. Кога се вратил пред соседите рекол Дедо ја зафркна работата, а потоа бил видно вознемирен.
Соседите се сомневаат дека позади свирепото убиство стои целото семејство Марјановиќ.
- Синот на Зоран има чуден карактер, не зборува со никого, а само Јелена му беше при срце. Со неа зборуваше, велеше дека маќеата си ја сака само за себе, велат мештаните на Борча.
Сопругот на Јелена осум недели тврди дека не знае ништо за убиството на мајката на неговото 5-годишно дете.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница