Забрана за вршење на било какви операции со дронови на територијата на град Скопје
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на град Скопје и тоа на плоштад „Македонија, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „11 Октомври пред Собрание на РСМ, улица „Филип Втори“, булевар „Гоце Делчев“ до булевар „Илинден“ и пред Влада на РСМ.
- Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја. Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство, информираат од МВР.
Од МВР, исто така, апелираат до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, истите да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата.
Ново на Сител
-
Николоски: Нова авиолинија Скопје - Ларнака од 31 октомври
-
Плинска боца експлодирала во стан во Штип, повредена сопственичката
-
Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на атлетска трка
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари