Забрана за камиони на повеќе планински премини
Забрана за тешки товарни возила поради врнежи од снег е воведена на планинскиот премин Пресека, на планискиот премин Ѓавато, на патните правци Струга-граничен премин Ќафасан, Крива Паланка - граничен премин Деве Баир, крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка. За останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема, соопшти АМСМ.
Забрана за автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна употреба на зимска опрема.
Авто мото сојузот на Македонија препорачува, поради обилни снежни врнежи, без особена потреба да не се патува во западниот дел од државата, задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат.
На граничниот премин Деве Баир има чекање за излез од државата од прилика 30 минути. На останатите граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот