Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство

Властите во Буенос Аирес соопштија синоќа дека на дури 15.000 аргентински навивачи ќе им биде забрането да присуствуваат на Светското клупско првенство, кое ќе се одржи во САД од 14 јуни до 13 јули оваа година.
Аргентинската министерка за безбедност Патриша Булрич во понеделник ѝ предаде на американската Амбасада во Буенос Аирес список од 15.000 насилни фудбалски навивачи на кои ќе им биде забранет пристап до стадионите за време на претстојното Светско клупско првенство.
Меѓу 32 екипи кои ќе учествуваат на првенството се и аргентинските ривали Бока Јуниорс и Ривер Плата.
„На списокот се наоѓаат повеќе од 15.000 луѓе на кои ќе им биде забранет влез на стадионите. Ова е исклучително важно за нас бидејќи ниедно насилно лице кое извршило какво било кривично дело на аргентинските стадиони нема да може да присуствува на овој спортски настан“, изјави Булрич.
Листата е составена преку програмата „Трибуна Сегура“, алатка што овозможува откривање на луѓе на кои им е забранет влез на стадионите во Аргентина.
„Од почетокот на оваа влада, Трибуна Сегура следеше повеќе од четири милиони луѓе на 1.328 натпревари. Идентификувавме 1.166 лица со налози за апсење и издадовме повеќе од 40 административни одлуки со кои се ограничува влезот на стадионите“, аргентинската министерка.
Бока Јуниорс ќе игра во групата Ц заедно со Баерн Минхен, Оукленд Сити и Бенфика, додека Ривер е во групата Е со Урава Ред Дајмондс, Монтереј и милански Интер.
Ново на Сител
-

ЦИК на БиХ: Синиша Каран е нов претседател на Република Српска
-

Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со - 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени
-

Продолжува судењето за „Онкологија“, треба да бидат сослушани вешти лица од Словенија
-

Минчев: Законот за висока раководна служба воведува мерит-систем и става крај на партизацијата
-

Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026
-

Три лица загинаа во руски напади врз Одеса и Харков
-

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, осудена во Иран на уште 7,5 години затвор
-

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината
