-->
-->
Заборавила да го извади тампонот девет дена, а потоа животот и се претворил во пекол!
-->
Студентска по криминологија на Универзитетот во Кантербери, Емили Пенкхрст (20) ги игнорирала симптомите на оваа опасна болест, бидејќи била зафатена во завршниот испит на факултет.
Емили се разбудила едно утро со ужасни болки во стомакот, и дури тогаш сфатила дека заборавила да го извади хигиенскиот тампонот девет дена. Кога го извадила бил целосно црн.
Неколку часа подоцна, таа осетила слабост, а по нејзината кожа се појавило шаренило. Нејзината мајка веднаш повикала Брза помош.
Лекарите брзо воспоставиле дијагноза и и рекле дека боледува од труење на крвта како резултат на синдром на токсичен шок.
Лекарите успеала да го спасат нејзиниот живот, но девојката ја загубила мобилноста и се уште не може да се движи нормално.
Опишувајќи како сето тоа се случило, Емили за Дејли Меил изјавила...
- Беше тоа период полн со стресови, поради испитите морав да учам и заборавив да го извадам тампонот. Да биде уште полошо врз него стави уште еден. Откако почувствував болки во стомакот, добив и температура, дури тогаш сфатив што направив. Го извадив тампонот и веднаш го фрлив, беше одвратен, - вели Емили.
Но, било премногу доцна. На пат кон болница лекарите веднаш констатирале дека има симптоми на труење. Емили за три дена морала да испие 12 различни видови на антибиотици, а се хранела преку инфузија.
- Мојот мочен меур беше полн. Во него имав 2 литри урина, но не можев да одам во тоалет па ми инсталираа катетер. Никогаш не сум почувствувала таква болка во животот, лекарите мораа да ми дадат и морфиум. Ми рекоа дека ако сум задоцнела уште еден ден, сигурно ќе сум била мртва, - завршила Емили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп