За заем од 50 евра изнудила 53.700 денари, кривична за жена од Кочани
Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „лихварство“ предвидено во член 260 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената, во месец октомври 2018 година на женско лице од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а за услугата договорила за себе 1.500 денари месечна камата сѐ до враќање на главниот долг.
С.И., злоупотребувајќи ја тешката имотна состојба и потребата на пријавителката, во периодот од ноември 2018 до март 2022 година остварила противправна имотна корист во износ од 33.000 денари и предмет во вредност од 20.700 денари. Односно, оштетената за заем од 50 евра на пријавената ѝ вратила 53.700 денари.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица