За Задушница посебен сообраќаен режим
Поради верскиот празник Задушница, утре и во сабота, во периодот од 6 до 16 часот, на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Дополнуваат дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за село Мирковци, до влезот за гробиштата на улица „Боца Иванова“ и излегување на улица „Александар Урдаревски“.
По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улица „Јужноморавски бригади“ и улица „Роман Каскалиевиќ“.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик