За вториот круг избори акредитирани 5101 домашни и 473 странски набљудувачи
За вториот круг од Локалните избори во Македонија што ќе се одржи утре, Државната изборна комисија (ДИК) акредитираше 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари. ДИК за вториот круг од изборите акредитираше дополнителен број набљудувачи и новинари.
Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ - 2.917, потоа Здружението на граѓани ЗХА „Синергија“ - Штип 1.829, Цивил - Центар за слобода 207, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид - Скопје 125, Центарот за разбирање и институционална соработка Скопје - ЦРИС Скопје 17 и Македонскиот центар за култура и развој - шест набљудувачи.
Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 289, потоа Амбасадата на САД во Македонија 35, Делегацијата на ЕУ 23, Меѓународниот студиски центар за избори (ИЕСЦ) 18...
Набљудувачи имаат акредитирано и Канцеларијата на НАТО во Скопје и амбасадите на Руската Федерација, Албанија, Австрија, Франција Велика Британија, Шведска, Унгарија, Холандија, Италија, Словачка, Државна изборна комисија на Црна Гора, централните изборни комисии на Косово и на Бугарија и Меѓународна фондација за изборни системи (ИФЕС) - Канцеларија во Република Македонија.
Во ДИК се акредитирани и 315 преведувачи.
За вториот круг од изборите акредитирани се и дваесет новинари - од Ал Џазира Балкан, Гласот на Америка, Агенција за вести - Косова Пресс, Руска информативна агенција ТАСС, Унгарската државна телевизија, Асошиетед Прес и ТВ Коха Висион - Приштина.
Во првиот круг од локалните избори, кој се одржа на 15 октомври, беа акредитирани 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи, како и шест странски новинари.
Ново на Сител
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад во МЖСПП
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
-
Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции
-
Онкологија 2: Нино Васев и Ненад Нухи не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги товари обвинителството
-
ОЈО - Штип со детали за тешката сообраќајна несреќа со кобни последици
-
Со зголемени казни пониски цени - Владата најави измени во Законот на нефер трговски практики