За време на викендот дожд, на планините снег
За време на викендот се најавува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд. На планините, особено во западните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките планини повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде шест, а максималната 12 степени.
В недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од – 1 до 7, а максималната температурата од 10 до 17 степени.
Од недела ќе преовладува стабилно време со магла по котлините.
Ново на Сител
-

Најладно во Берово, измерен еден степен, температурата до 26 степени
-

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија

