За влез на државјани од трети земји, Грција ќе се води според листата на ЕУ
Во однос на трети земји, вон Европската унија, Грција има цел да се движи врз основа на листата составена од ЕУ, додека до пак 15 јули нема да бидат дозволени директни летови од Велика Британија и Шведска, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, по состанокот што Кирјакос Мицотакис го одржа со надлежните министри од неговата Влада во пресрет на отворањето на туризмот на 1 јули, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис посочил дека „целиот процес на отворање е динамичен и континуирано ќе се оценуваат податоците“.
Станало збор за начините на кои ќе се спроведува тестирањето на посетителите, за протоколите, како и за задолжителната обврска на туристите, 48 часа пред пристигнувањето во Грција да го имаат пополнето специјалниот образец.
Заедничка констатација, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, било дека е дека е направена правилна подготовка на сите нивоа, за да постои максимална безбедност и за посетителите и за локалното население.
На состанокот присуствувале министрите за здравство, за туризам, за дигитална политика, за поморство и островска политика, замениците-министри за здравство, цивилна заштита, за координација на работата на владата, како и претседателот на Националната организација за јавно здравје и професорот епидемиолог надлежен за Ковид-19.
Ново на Сител
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија
-
МЗ: Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи
-
Министерство за здравство: Ја следиме состојбата со пожарот во Трубарево, во координација сме со сите надлежни институции
-
КМФМ се оградува од настанот кој ќе се одржи во Јане Сандански: Шоу настан на кој наши членови нема да земат учество
-
Кикбоксерите со своите светски медалисти повторно на сопствен трошок отпатуваа на Европското јуниорско првенство
-
Пожар во фабрика во Трубарево, го гасат повеќе екипи, пожарникарите интервенирале и во Лисиче
-
Зидан постигна договор со Француската фудбалска федерација