За влакно избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ
Тензична атмосфера и за влакно избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на седницата за пратенички прашања наменети за опозицијата. Интервенираше и собраниското обезбедување, а ситуацијата се смири по лична интервенција на собранискиот спикер Гаши и пратеникот Крмов кои се обидуваа да го смират лидерот на Левица.
Причина за инцидентот беше пратеничкото прашање од пратеникот на левица Реџеп Исмаил до премиерот Мицкоски. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски реагираше дека пратеникот не постапил по Деловникот, бидејќи 5 дена претходно не најавил прашање до премиерот. Левица се вадеше на „техничка грешка“, а Апасиев од своето место почна гласно да довикува и да замавнува со слушалици.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека тој користел и пцовски, а Апасиев пак, дека кон него биле упатени такви зборови. По 10 минутна пауза, седницата продолжи со прашањето на Исмаил, но и од одговорот од премиерот.
Претходно пратенички прашања поставуваа пратениците на СДСМ, но и на Европскиот фронт предводен од ДУИ. Ова е нова пракса во Собранието по новиот Деловник, кога на првата седница во месецот првите два часа се посветени на прашања од опозцијата. Пет дена пред седницата пратениците треба да најават до кој функцинер поставуваат прашање.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар