За викендот северен ветер и пад на температурите

Во текот на ноќта од север се очекува да навлезе влажна постудена воздушна маса со посилен северен ветер во Македонија што ќе ги спушти дневните температури за време на викендот, а во следните денови температурата ќе биде во пораст.
Во претпладневните часови во северните делови, а потоа најмногу вдолж Повардарието, северниот ветер повремено ќе се засилува и ќе биде проследен со појава на повремен пороен краткотраен дожд и грмежи.
Утре преку ден времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд и со ретки грмежи, кои ќе бидат пообилни во западните делови и на крајниот исток.
Во недела ќе продолжи да дува повремено засилен северен ветер и ќе има појава на повремен послаб дожд, кој ќе биде почест на север и на исток.
Температурата ќе достигне до 29, а во недела до 26 степени.
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
