За вчерашната сообраќајка кај Удово осомничени две лица
Основното јавно обвинителство – Гевгелија започна постапка против две лица осомничени за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Удово.
Надлежниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави Предлог за определување мерка-притвор во траење од осум дена за 46-годишниот Д.С., државјанин на Р.Србија, додека за 60-годишниот Ѓ.В., македонски државјанин, се предложени други мерки за претпазливост.
Како што соопшти Јавното обвинителство на РМ, двајцата осомничени се сослушани од страна на надлежен обвинител, а со анализа на доказите треба да се утврди точната одговорност за предизвикување на сообраќајната несреќа.
Несреќата се случи вчера утро на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка, кога се судрија автомобил марка „ауди А4“ со германски регистарски таблички, управуван од српскиот државјанин Д.С. (1970), автобус на „Струмица експрес“, управуван од Ѓ.В. (1956) и автомобил марка „фиат сеиченто“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.П. (1975 г.).
Ново на Сител
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија