За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти и уапсени петмина криумчари

Од вторникот до вчера, во близина на малиот грчки остров Гавдос, што се наоѓа јужно од Крит, во пет одвоени случаи биле откриени и спасени 270 мигранти, а уапсени петмина криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.
Во текот на вчерашниот ден, во морскиот дел на 40 наутички милји јужно од Гавдос, чамец со 66 лица побарал помош, а веднаш интервенирале брод на Фронтекс и спасувачки брод на грчката крајбрежна служба, по што сите биле спасени и безбедно пренесени на пристаништето на островот Крит.
Како што објави МИА во вторникот, јужно од Гавдос беа спасени вкупно 158 мигранти, кои се пренесувале со три чамци, а од крајбрежната служба на Грција во продолжение информираа дека биле уапсени вкупно четири лица, на возраст од 19 до 32 години, сите државјани на Судан, кои од спасените лица биле посочени дека се криумчари и за одреден паричен износ, мигрантите требале да ги пренесат од Либија во Грција.
Државјанин на Судан бил уапсен и за друг случај на криумчарење мигранти, исто така на Гавдос, кој бил меѓу откриените 46 мигранти на плажа на островот, кои во вторникот по морски пат стигнале од Либија.
Гавдос е мал остров во непосредна близина на Крит и претставува најјужната точка на Европа.
Ново на Сител
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска „ја доби војната“ со Словенија
-

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по победи на Австралија опен
-

Осумнаесет натпревари од ЛШ во една вечер
-

Бруно Фернандеш заминува од Манчестер Јунајтед?
-

Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
-

Филипче: Поддршка за протестот на ССМ, но организирана партиска поддршка нема да дадеме
-

Нивото на водата во Охридското Езеро 15 сантимери над месечниот просек
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ
