-->
-->
За Талески мундијалот во Франција „загревање“ за Рајн Некар
-->
Филип Талески по завршувањето на Светското првенство во Франција ќе се пресели во редовите на актуелниот германски првак Рајн Некар Левен, а нема да ја чека 2018 година како што првично се договорија двата клуба, објави Рајн Некар на својата официјална интернет страница.
Преговорите помеѓу Металург и Рајн Некар завршија успешно и македонски репрезентативец, 20-годишниот Талески, нема да ја чека 2018 година, туку веднаш по завршувањето на Мундијалот во Франција ќе го облече дресот на германскиот шампион.
„Задоволни сме што успеавме да издејствуваме Талески да дојде во клубот веќе во јануари. Тој ќе ја засили нашата бековска линија“, изјавила за клупската интернет странива извршниот директор Џенифер Кетемен, дополнувајќи дека според договорот на клубовите нема да биде објавена сума која Рајн Некар ќе му ја плати на Металург како обештетување за Талески.
„Филип треба да има една од клучните улоги во тимот во блиска иднина“, рекол спортскиот директор, Оливер Ригиш.
„Никогаш не криев дека сакам да играм во Бунеслигата. Се се случи многу брзо, а јас сум им благодарам на сите кои го иницираат трансферот. Сега сум фокусиран на Светското првенство во Франција, а потоа ќе се насочам кон новите предизвици со Рајн Некар, клуб кој според мене е еден од најдобрите во Европа“, изјавил Талески.
Македонскиот репрезентативец во Рајн Некар на грбот ќе го носи бројот 28.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица
-
Како дел од карневалските празнувања за „Прочка“ во Прилеп прикажан обичајот „Амкање“
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво