За студентите таа е само чистачка: Она што го откри професорот за неа ги натера сите на размислување
Професор во најдоброто медицинско школо, дошол на предавање и им најавил на студентите дека ке им даде изненаден тест. Сите биле изненадени, само најдобриот студент не се грижел.
Бидејќи бил сигурен во своето знаење. Го погледнал тестот и го решил без проблем, но тогаш стигнал до едно непознато прашање. Прашањето било, ’Кое е името на чистачката во нашата зграда? ’
Студентот се насмеал, си помислил дека е некоја шега. Ова прашање не може да носи бодови,зарем не? Професорот сигурно се шегува. Го знаел лицето на жената што ги чистела ходниците и училниците, но не го знаел нејзиното име. Последното прашање го оставил празно.
Друг колега го прашал професорот: ’Последното прашање не носи бодови,зар не? ’ професорот мирно одговорил, ’Секако дека носи. Видете,во вашите канцеларии ке сретнувате многу луѓе. И секоја особа е важна – секогаш. Секој заслужува внимание, па дури и за насмевка која ја упатуваме едни на други секојдневно на разминување.’
Студентите ја запаметиле оваа животна лекција. Инаку. точниот одговор на прашањето бил: Мариана.
Ова е навистина одличен потсетник дека на сите е потребно признание за нивната работа од време на време. Секоја работа не е гламурозна, но многу луѓе напорно работат, а нашите животи
Би биле многу покомплицирани ако ги нема сите тие луѓе кои работат во ’позадина’. Да се поцитуваме едни со други!
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска