За среќа не пукна, еве каде го скри наполнетиот пиштол
Полицијата во Тексас остана шокирана кога кај 31-годишната Ешли Сесилија Кастанеда, која е приведена заради поседување на дрога, признала дека го скрила пиштолот во својата вагина.
Имено полицијата го запрела нејзиното возило тојота поради сообраќаен прекршок, но при претрес на возилото полицијата пронашла 2,5 грама метамфетамин под возачкото седиште. Возачот Габриел Гарсија (30) е приведен и одведен во станица.
Меѓутоа при деталниот претрес пронајдени се околу 30 грама од истата дрога во рачната торбична на совозачот Ешли Сесилија Кастанеда, која исто така е приведена. Шокот следувал кога на пат до полициската станица таа признала дека сокрила пиштол во својата вагина.
Кога стигнала во притвор, полицајката ја прегледала Кастанеда и пронашла полуавтоматски пиштол калибар 22 од марката „Смит и Весон“ во нејзиниот полов орган. Најлошо од се што имало куршум во цевката и шаржерот бил полн.
-Постоеше теоретска можност да пукне пиштолот додека бил во неа, а тоа би довело до смртоносен исход поради близината со внатрешните органи, вели претставник на полициската станица.
Кастанеда е обвинета за кршење на законот за поседување оружје зошто сокрила наполнет пиштол во вагината. Обвинета е и за поседување метамфетамини.
Возачот е обвинет за поседување дрога во зона без наркотици зошто семафорот каде се уапсени се наоѓал во близина на училиште.
Ново на Сител
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло
-
Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“
-
Три лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
-
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава