За седум месеци во Косово регистрирани околу 700 новозаболени од канцер
Бројот на новозаболени лица од канцер во Косово е во постојан пораст, што предизвикува голема вознемиреност меѓу населнието, јави дописникот на МИА.
Само во периодот јануари-јули годинава во Клиниката за онкологија во клиничката болница во Приштина се дијагностицирани 690 нови случаи на лица заболени од канцер, што претставува двојно поголем број споредено со истиот период лани.
Според директорот на Институтот за онкологија при приштинскиот Универзитетки и клинички центар, Екрем Хисени, најприсутен е ракот на дојка и на белите дробови.
- Од 690-те пациенти кај кои годинава е дијагностициран канцер, набројни или 168 случаи се жени со рак на дојка, додека останатите случаи отпаѓаат на рак на бели дробови, па на гастроинтестиналниот тракт, вели Хисени.
Инаку, во Косово во текот на цела 2015 година биле регистрирани 808 нови случаи на заболени од рак.
Ново на Сител
-
МНР: Сите наши државјани да го напуштат Либан
-
Изминатото деноноќие 12 пожари на отворено, четири се уште активни
-
Фернандеш за асистенцијата на Роналдо: За Португалија е поважно да победува
-
Смокови му ги изеле глабите на штипјанец
-
Од утре времен сообраќаен режим на регионалниот пат Р1109
-
Воздухопловна база во Романија наскоро ќе биде најголемата база на НАТО во Европа
-
Утрово најсвежо во Лазарополе
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 40 минути