Македонија
23. јуни 2025 - 11:31

За седум дена санкцонирани се 127 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 16.06. до 23.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 127 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и
велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.