Живот
28. January 2016 - 15:55

За се е крива облеката, оваа фотографија привлекла внимание на повеќе од 4 милиони луѓе!

На популарниот сајт за фотографии Имгур се појавила фотографија на една девојка на која таа е во ходник во хотел. Фотографијата за сега е погледната 4,3 милиони пати.
 
"И така мојата пријателка објави фотографија од некој хотел и еве што се случи потоа", стои во коментарот над сликата.
 
Она што предизвика внимание и лавина од коментари на социјалните мрежи е облеката која ја носи жената, таа потсетува на ентериерот на ходникот во хотелот во кој престојувала. Нејзината маица има бели, црни и зелени детали која потсетува на ѕидовите на ходникот во која се наоѓа.