За првпат во последните речиси 100 години христијаните во Измир го прославија Богојавление
За првпат во последните 94 години православните христијани во Измир добија дозвола да го одбележат празникот Богојавление, пренесе ДПА.
На пристаништето во третиот по големина град во Турција, што некогаш бил половина грчки, свештеник го фрли крстот во водата и пушти голуб на слобода како дел од церемонијата. Ритуалот го симболизира крштевањето на Исус Христос и Светиот дух, забележува германската агенција.
Грчката телевизија Скај настанот го пренесуваше во живо.
На церемонијата присуствуваа Грци кои работат во Измир, членови на други православни цркви, регионалниот католички епископ, посетители од Грција и локални жители на Измир.
Актите, како што е одобрението за одбележување на црковни празници, се користат од владите на Грција и на Турција за изградба на довербата меѓу двете држави по војната и раселувањето што следело во 1922 година на околу два милиони грчки и турски државјани. Тогаш приближно 1,5 милиона Грци биле принудени да ја напуштат турската територија, а 400.000 Турци требало да ја напуштат Грција согласно спогодбата меѓу двете земји, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани