Свет
3. February 2016 - 17:59

За прв пат во историјата падна снег во Кувајт!

Климатските промени дефинитивно претераа!
 
Доказ за тоа е снегот кој прв пат во историјата падна во Кувајт, земјабогата со нафта и песок.
 
Температурите во оваа пустинска држава значително се намалиле последните неколку дена. Вообичаените температури во Кувајт во текот на летото се над 50 степени целзиусови, а во зима ретко паѓаат под +20. Меѓутоа, минатата недела температурите паднаа до три степени целзиусови.
-Сите се изненадени, бидејќи никогаш не виделеснег во живо. Го прашав дедо ми дали некогаш видел снег и тој вели не, - напишак еден корисник на Твитер кој објавил слика и видео.
 
За разлика од Кувајт, во соседна Саудиска Арабија редовно паѓа снег и тоа не е ништо ново. Таму минатата недела температурите биле минус два степени целзиусови.