За пребрзо возење изминатиот месец 836 возачи ќе платат казни од 45 до 400 евра
Во текот на ноември полицијата на поширокото тетовско подрачје има откриени и законски санкционирани вкупно 836 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената, односно пропишана брзина, најмногу на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Сите тие возачи ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 45 до 400 евра.
-Покрај тоа, екстремно брзите ги очекува и мерка-времено одземање на нивните возачи дозволи од три месеци до една година. Оттаму, Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да не возат пребрзо, зашто и условите за движење на возилата деновиве се значително отежнати, пред се поради влажните коловози, а и поради најавите дека претстојат и снежни денови, посебно ако се движат кон Маврово, Стража и Попова Шапка, порача портпаролот Марјан Јпоосифоски.
Воедно бројката од 836 казни претставува значително поголем број во споредба со претходниот месец октомври 2021 кога се регистрирани вкупно 311 пречекорувања на максимално дозволената брзина во тетовскиот регион.
Во ноември 2021 поради неприлагодена брзина според условите на патот регистрирани се 23 сообраќајни несреќи, претежно со посериозни последици, како и 16 излетувања од коловоз.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица