За потпретседатели на СДСМ се избрани Царовска, Петров, Спасовски, Зекири и Манчевски
Централниот одбор на СДСМ донесе одлука да се изберат пет потпретседатели на партијата и тоа Мила Царовска, актуелен министер за труд и социјална политика, Коста Петров, Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи, Мухамед Зекири, актуелен пратеник во Собранието, Дамјан Манчевски, актуелен министер за информатичко опшество и администрација.
Ова вечерва го изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ.
Претходно тој ги соопшти имињата на неколкуте нови министри и заменици-министри.
Најави дека утре ќе достави предлог до Собрание за нов министер за финансии Нина Ангеловска, предлог за нов заменик-министер за образование и наука, Елизабета Наумовска, ќе достави предлог за разрешување на заменик-министерот за економија Кире Наумов, кој ќе биде директор на Македонската банка за поддршка на развојот и на негово место ќе биде Кирил Колемишевски и ќе го предложи заменик-министер за новото Министерство за политички систем и односи со заедниците, Неџат Мехмедовиќ.
– Сакам да испратам порака прво дека се добива шанса за бошњачката заедница преку учество на позицијата заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците. Се работи за млад и перспективен кадар преку кој сакаме да испратиме порака за младите луѓе да работат, да се трудат, да бидат препознаени од државата, Владата, општеството ги препознава и дава сериозни функции. Преку Колемишовски и Наумовска испраќаме сериозна порака на стручни луѓе кои може да дадат сериозен придонес и во економијата и во Министерството за образование и наука, а секако и преку кандидатот за министер за финансии Ангеловска, која е еден од основачите на Групер, добитник на Форбс 30, доктор на економски науки од УКИМ, која во регионот и светот е позната. Верувам во нејзиното осумгодишно искуство да биде основач, да направи перспективна компанија во модерните технологии која е препознаена во целиот регион и пошироко, истакна Заев.
Пораката е, посочи премиерот, дека вреди да се заземете дома, а не надвор од Република Северна Македонија, а општеството знае да препознае и да даде шанса секој да се вгради низ институциите на системот и да даде придонес во севкупниот раст и развој, соовременување и модернизирање на општеството и нашата земја.
– Млади работете, ангажирајте се, бидете видливи, борете се во оваа наша земја и високите позиции се достапни за сите граѓани, додаде Заев.
Ново на Сител
-
ОЈО: Три лица под сомненија за изнуда на пари од скопјанец
-
Во Белград претпладнево ќе се одржи воена парада
-
САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари
-
Руски авиони упаднаа во Естонија
-
Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, Полска крена во воздух борбени авиони
-
Вечерна богослужба и Литија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје
-
Наутро ведро и посвежо, преку ден сончевоНаутро ведро и посвежо, преку ден сончево
-
МЖСПП: По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали