За подметнат пожар во Албанија следува казна затвор до 20 години

Додека состојбата со пожарите во Албанија понатаму е алармантна, официјаланите служби излегоа со заклучок дека повеќето од нив се намерно предизвикани, јави дописникот на МИА.
Во текот на месец јули и изминатиот период од август, во Албанија се уапсени 20 лица поради предизвикување пожар, на кои веќе им е изречена мерка притвор, додека шест лица ќе се бранат од слобода.
Кривичниот законик на Албанија за намерно предизвикување пожар предвидува казна затвор во траење до 20 години, што зависи од предивиканата матерјална штета и други несакани последици.
За подметнување пожар предвдената затворска казна е од пет до осум години. Доколку пожарот предзвика тешки последици по имот, здравјето или животот на луѓето или предизвика големи штети на животната средина или заштитените зони, казната е од 10 до 20 години.
За пожар предизвикан од невнимание, предвидената затворска казна е од три до осум годни.
Инаку, на територијата на Албанија, според последните информации, активни се 15 пожари. Во нивното гаснење се вклучени 98 пожарникари, 140 припадници на албанската Армија, вработени во јавни претпријатија и доброволци, како и авиони за гаснење пожари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
