За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
Во првите пет месеци од годинава, на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар, забележана е поголема фреквенција на патници за 14 отсто, споредено со истиот период минатата година.
Во овој период, според надлежните, биле регистрирани 303.648 лица за влез и излез, наспроти 2023 година, кога имало 266.311 патници.
Пуштањето во употреба на автопатот „Патот на Арбр" (Руга е Арбрит) услови зголемување на фреквенцијата на овој премин, бидејќи оддалеченоста од преминот до Тирана, сега изнесува 70 километри или помалку за над 100 километри.
Покрај жителите на поширокиот дебарски регион, преминот го користат и жители од Гостивар, Тетово, Скопје и други градови за патување во Албанија, главно поради туризам, бизнис и посета на роднини.
Исто така се поголем број македонски државјани ги користат услугите на меѓународниот аеродром во Тирана, од каде моментно може да се патува на повеќе од 100 дестинации.
Последно објавените бројки потврдуваат дека само во јануари и февруари над 10 илјади македонски државјани пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации од овој аеродром.
Имајќи го во предвид фактот дека голем број македонски граѓани за летен одмор одбираат некое туристичко место на албанското крајбрежје( годишно летуваат над 300 илјади) како и пристигнувањето на иселениците, фреквенцијата повеќе од сигурно е дека ќе се зголемува.
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита