Балкан
4. September 2017 - 11:58

За оваа свадба се зборува во регионот: Невестата кај сватовите дојде со камион

Сон на секоја жена е денот на нејзината венчавка да биде посебен, но една невеста ги надмина сите со својата оригиналност.

Таа така пред сватовите во Бојчинската шума дојде ни помалку ни повеќе туку со камион.

И додека младенците трошат големи суми пари на луксузни автомобили со кои ќе дојдат до олтарот, Јелена белиот камион си го украси со свадбена декорација.

И беше само потребна помош при симнувањето од големата висина, но грациозност во елегантната венчаница не и недостасуваше.

Оваа несекојдневна глетка ги воодушеви сите, па сликите од нејзината веселба масовно се ширеше на социјалните мрежи, а гордата невеста духовито нагласи дека камионот не во нејзина сопственост, но дека се надева наскоро да биде.