За независност гласаа 90 отсто од Каталонците
Владата на Каталонија објави ноќеска дека 90 отсто од гласовите на вчерашниот референдум за независност се - за независност.
Портпаролот на Влдата, Жорди Турул изјави дека во референдумот учествувале 2,26 милиони луѓе и 2,02 милииона гласале за независност. На референдумското изјаснување учествувале околу 42,3 отсто од вкупно 5,43 милиони избирачи во Каталонија.
На Твитер профилот на Владата на Каталонија е објавено дека од 2.262,424 ливчиња, кои не биле запленети од шпанската Влада, вкупно 2.020,144 биле за независност, со 176.566 гласови „против“, 45.586 празни и 20.129 неважечки ливчиња.
- Тоа е победата за демократијата и луѓето кои ја заштитија на мирен начин, истакна Турул.
Министерот за надворешни работи на Каталонија Раул Ромева и порача на Европската унија: Европа мора да избере меѓу срам и достоинство. Очекуваме одговор.
Претседателот на регионалната влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон изјави дека со спроведениот референдум за независност, Каталонците „се избориле за правото на независна држава“.
- Граѓани на Каталонија, ние се изборивме за правото да имаме независна држава, која ќе биде република, изјави Пуџдемон во обраќање пред своите приврзаници во Барселона.
Тој го поздрави одѕивот на милиони луѓе кои излегоа да гласаат на референдумот, иако тој беше суспендиран од шпанскиот Уставен суд.
Пуџдемон смета дека Европската унија повеќе не може да „ја врти главата од кршењето на човековите права и од конфликтот меѓу Каталонија и шпанската држава“.
- Ние сме европски граѓани и се соочуваме со загрозување на нашите права и слободи, изјави Пуџдемон, повикувајќи ја ЕУ да преземе итни акции.
Со Законот се предвидува каталонскиот Парламент да може да прогласи еднострана независност, доколку на референдумот мнозинството од гласачите се изјаснат за отцепување на Каталонија од Шпанија.
Ново на Сител
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница
-
Основната плата во државата не може да биде пониска од минималната плата – Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест
-
Трипуновски: Излегуваме во пресрет на земјоделците, ќе ја направиме проценката за да се обноват површините зафатени од невремето
-
Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на ДР Конго