За неполни два месеци 74 случаи на заплени - над четири пати зголемен бројот на кривичните пријави

За над четири пати е зголемен бројот на кривични пријави кои Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги ги поднела до Основно јавно обвинителство и до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Од почетокот на годинава до сега се поднесени вкупно 35 кривични пријави против 69 физички и 16 правни лица, додека лани во истиот период биле поднесени осум кривични пријави, вели првиот човек на Царинска управа Бобан Николовски.
Тој потенцира дека годинава за неполни два месеци има 74 случаи на заплени, при откриени прекршочни и кривични дела. Ова, според него, претставува раст од 64 проценти во однос на истиот период минатата година, кога биле поднесени 45 кривични пријави.
Притоа, во последните десет дена преку Секторот за контрола и истраги се поднесени осум кривични пријави за осум физички и две правни лица за сторено кривично дело фалсификување исправи по член 378 од Кривичниот законик.

Станува збор за фалсификувани исправи со цел избегнување плаќање давачки во висина од 250 илјади денари кои веќе се наплатени преку управна постапка. Дополнително поднесена е кривична пријава за фалсификувана лиценца за вршење превоз на стока во меѓународен патен сообраќај од надлежна институција. Ова е трета кривична пријава за вакво дело за период од неполни две недели.
Во вторникот вечерта е спречен шверц на поголема количина сребрен накит, близу 18 килограми.
-За неполни два месеци имаме 74 случаи на заплени, додека лани имало само 45. Пред извесно време запленивме 188,6 килограми наркотична дрога марихуана. Во вторникот вечерта на граничниот премин Богородица беше спречен шверц на речиси 18 килограми сребро и 180 парчиња парфеми фалсификат со вкупна вредност од 1,18 милиони денари за што веќе има и кривична пријава и изречена пресуда од ОЈО Гевгелија против сторителот, инаку косовски државјанин“, вели Николовски.

На прашањето што се поминува низ македонските граници, директорот посочува дека минатата година надворешно-трговската размена изнесувала 18,8 милијарди евра, што, според него, јасно покажува за тежината на работата на царинските службеници.
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
