За неколку часа вчера приведени осум лица поради најдена дрога
Во Тетово осум лица се приведени за неколку часа во два одвоени случаи на откриена дрога.
Прво при претрес кои го направиле полицајци во угостителски објект и плац за стари возила, во рамки на кој се наоѓал објектот, лоциран на улица „Видоја Смилевски-Бато” од 19 часот и 30 минути до 22 часот приведени се шест лица.
– Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер по претходно извршен претрес во објект сопственост на Н.С.(31) од тетовско Шемшово ги лишиле од слобода:Љ.С(24),С.А.(33) од Тетово, М.А.(37), од тетовски Порој, С.С.(29), С.С.(36),двајцата од Шемшово и сопственикот на објектот.При претресот, реализиран со судска наредба, на различни места, биле пронајдени 25 паковки кокаин и марихуана.Сето пронајдено е фотодокументирано и подигнато за вештачење. Лишените лица задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Дваесетина минути по полноќ, на улица „113″ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца жители на Тетово на 40 и 43 години затоа што при преглед им биле пронајдени марихуана и дробилка. Двајцата се задржани за расчистување и документирање на случајот.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
-

Сиљановска Давкова - Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
-

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра
-

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице
-

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
