-->
-->
За него играта е завршена: Луча ја напушти куќата на Големиот брат!
-->
Номинирани за исфрлување беа Зорица, Мирјана, Горан и Лука, а шоуто вчера го напушти Луча. Станарите не криеја колку се изненадени.
Во куќата на Големиот брат се минуваше во знак на подготовките за претставата „Волшевникот од Оз“ чиј настап публиката можеше да го види во живо.
Освен тоа минатата недела во куќата дојдоа и двајца нови станари. Како и секогаш имаше караници кои брзо исчезнаа, Ервин пушти и некоја солза за невозвратената љубов на Барбара.
Мирјана како по навика ја провоцираше Зорица која пак го менуваше расположението од ден на ден.
И тоа беше накратко за она што можевте да го видите во Големиот брат на Сител телевизија.
Иако играта е завршена за Луча, тој во студиото изјави дека се чувствува среќно.
- Квалитетно си поминав. Жал ми е што Ѓорѓе кој е единствениот што ме разбира дојде последен. Ќе ми недостасуваат Барбара и Тина, а генерално сите станари се добри, - изјави Луча.
Според него, најголеми играчи во шоуто се Зорица и Горан. За нив како што вели и самиот се уште не може да оформи мислење.
Луча ќе биде запамтен во шоуто по караниците со Зорица и Горан, истите оние станари со кои беше неразделен.
Новите номинирани станари се Горан, Мирјана, Ѓорѓе, Зорица и Џозефина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица