Македонија
25. December 2015 - 8:42

За матурантите денеска ќе бидат објавени прашањата за екстерното

Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска ќе ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од завршните години на средното образование, на веб-страницатаwww.prasanjaeksterno.dic.edu.mk

- Објавениот базен со прашања ќе содржи повеќе од 85.000 прашања. Базата е освежена со 20 проценти нови прашања. Во следните две недели, поточно до 8 јануари 2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно коригирани, соопшти Државниот испитен центар. 

ДИЦ ги повика сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата за да се прочисти и да се подобри квалитетот на базата на прашања.