За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на двете влади во Тулуз, Макрон кажа дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно. За разлика од него, Меркел оцени дека има уште малку простор до утре на самитот на ЕУ, двете земји да се усогласат, пренесе Дојче веле.
– Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите, рече Макрон.
Канцеларката Меркел на прес-конференцијата ги релативизираше тезите дека меѓу двете земји постои судир околу перспективата на Албанија и Северна Македонија. И Берлин и Париз се согласни дека на земјите од Западниот Балкан им е потребна ЕУ перспектива. Процесот мора да се направи потранспарентен и реверзибилен, согласна е Меркел, но додава дека остануваат само неколку „различни нијанси“.
Двете страни сакаат до утре да размислат како да најдат заедничка позиција на самитот на ЕУ, кои, како што наведе Меркел, треба да бидат прифатливи и за другите ЕУ-членки
Ново на Сител
-

Муцунски со честитка за Студентската листа: Им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста
-

Пад на цените на нафтата, денеска РКЕ ќе одлучува за цените на горивата
-

АХВ заплени и уништи 470 килограми месо и внатрешни органи во нерегистрирана комора во Василево | ФОТО
-

САД го охрабриле Орбан да се кандидира за генерален секретар на ОН
-

„Принглс“ нуди 200 години бесплатен чипс на оној што ќе се согласи да биде погребан во нивна кутија
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
