За Гинис, со своите тела во море го формираат знакот за мир
Група од 460 лица успеа да влезе во светската книга на рекорди, откако ги здружи силите во северозападниот турски округ Бурса, за да формира, најголем во светот, пловечки знак на мирот од човечки тела, објави весникот „Хуриет".
Групата, која вчера се собра во пристанишниот град Мудања до Бурса, во рамките на прославата на Денот на победата во Турција, влезе во Мраморното Море од плажата Кумјака и го формираше знакот на пацифизмот, и остана неподвижна во морето пет минути за да го обезбеди рекордот.
Обидот беше регистриран како најголем знак на мирот во светот од претставникот на Гинисовата во Турција Шејда Субаши Гемиџи.
Претходниот рекорд на Гинис за најголем пловечки знак на мирот беше поставен во Јордан, каде 262 луѓе останаа да пливаат во оваа фигура речиси 10 минути крај брегот на Мртвото Море во 2014 година.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова е одбрана само за да изгуби
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Груп“
-
Лицата со инвалидитет бараат да бидат ставени на советничките листи за претстојните локални избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација