За ЕУ, референдумот во Италија не беше за Европа, туку за промена на Уставот, а изборите во Австрија беа за Европа
Европската комисија денеска преку својот портпарол Маргаритис Схинас излезе со чуден став околу поврзаноста на референдумот во Италија и претседателските избори во Австрија со иднината на Европската унија.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, според гласноговорникот на неформалната Влада на ЕУ, италијанскиот референдум бил за промена н аУставот, а не за Европа, додека австриските избори имале поврзаност и покажале какво е мислењето на Австријците околу тоа каде во рмаки ан Европа сакаат да ја видат својата држава.
- Мислиме дека референдумот во Италија беше за промена на италијанскиот Устав. Не за Европа. А, во однос на претседателските избори во Австрија, ќе кажам дека се работеше за избор на нов претседател на републиката. Сепак, центарот на гравитација на многу од дебатите во Австрија беше околу линковите на земјата со Европа и резултатот говори јасно за начинот како Австријците сакаат нивната држава да биде видена во рамки на европската конструкција - истакна Схинас.
Овој став покажа дека официјален Брисел бира кој од исходите во земјите-членки на Унијата му се допаѓа за да го поврза со иднинат ана ЕУ, а кој не. Сепак, оставката на италијанскиот премиер Матео Ренци, по неуспешниот референдум, освен за Италија, се гледа како уште еден удар за унитарноста на Европската унија, по референдумот за излез на Велика Британија.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп