Џет-Сет
7. јуни 2017 - 12:07

За една работа никогаш не и простил - ова е таткото на Цеца

Светлана Цеца Ражнатовиќ е родена во селото Житораѓе, каде уште живеат нејзините родители, мајката Мира и таткото Слободан, кои имаат уште една ќерка Лидија.

На интернет се прошири стара фотографија од фoлк дивата со татко ѝ Слободан.

Инаку, Цеца во една прилика објасни дека постои една работа за која нејзините родители никогаш не ѝ простиле:

-„Сакав да студирам психологија. Бев на пат кон тоа и бев одлична ученичка и никогаш немав проблеми со училиштето. Верувале или не, целиот мој успех и огромна кариера никогаш не беа доволни за моите родители. Никогаш не можеа да ми простат затоа што не продолжив да се образовам и што не завршив факултет.“ - открила Цеца.