За една недела подигнати 246 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје
Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 246 возила од јавните површини во Град Скопје. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 210 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Како што соопштуваат од Градот Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 367 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
-Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување