За две недели бесплатно бизнис-возило на релација Скопје-Будимпешта
Унгарско-македонските трговски врски минатата година постигнаа рекорден резултат со размена од 150 милиони евра, но во 2015-та очекуваме оваа бројка да биде надмината, изјави денеска унгарскиот амбасадор Јозеф Бенце пред почетокот на македонско-унгарските деловни средби што ги организира Сојузот на стопански комори (ССК) во рамки на „Агрофуд 2015“.
Освен проширување на соработката во повеќе сегменти од земјоделството, Бенце најави дека двете земји планираат и што поскоро поврзување на нивните регионални комори.
- Лани не успеавме да направиме некој исчекор на полето на аграрот и затоа овој настан е многу важен, особено присуството на осумте унгарски компании тука. Тие се многу значајна алка во насока на подобрување на резултатите. Нашите врски со македонските стопански комори, особено со Агробизнис комората при ССК се извонредни, истакна Бенце.
Според него, и покрај сите тешкотии во првата половина од годинава, унгарскиот извоз порасна за 11 отсто, а македонскиот за дури 60 проценти.
Двете земји воедно, во изминатиот период имаат потпишано и десет билатерални спогодби за економска соработка.
Како што рече претседателот на Агробизнис комората при ССК Огнен Оровчанец, економската соработка меѓу Македонија и Унгарија секоја година се подобрува, но има простор за нејзино интензивирање.
- Досега соработката во аграрот се реализираше главно преку пласман на вино, тутун, преработки и свежи производи, но планираме да ја прошириме во делот на семенарството зашто Македонија има одлични предуслови за производство на квалитетно семе, а Унгарија располага со потребната технологија. Останува на фирмите во овој сегмент да го најдат својот интерес, истакна Оровчанец.
Во насока на интензивирање на деловната соработка, за две недели на релација Скопје - Будимпешта ќе почне да сообраќа посебно бизнис-возило кое ќе биде бесплатно за стопанствениците, членки на ССК, а билети по промотивни цени од 999 денари во двата правца ќе можат да купат и други заинтересирани бизнисмени.
Возилото ќе сообраќа секои десет дена.
- На сите бизнисмени што ќе заминуваат за Будимпешта ќе им бидат организирани средби со нивни колеги, информира Сашо Јанакиевски кој ја предводи Унгарската трговска куќа една година.
Според македонската статистика која не се совпаѓа со унгарската што ја предочи Бенце, размената меѓу Унгарија и Македонија лани била 46 милиони долари. - Извозот од македонска страна бележи пораст зашто целата волна од земјава моментно оди во Унгарија од каде потоа се продава во трети земји. Тоа се околу осум милиони долари, рече Јанакиевски.
Ново на Сител
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито