За две години целосна современа документација за македонско-бугарската граница
Целосна современа гранична документација за државната граница на Македонија со Бугарија, што е во должина од 185 километри, треба да биде изготвена до 2019 година. Ќе ја замени старата описна документација и ќе понуди брзи и точни податоци за секој дел од границата според европски стандарди.
- Активностите ги почнавме во 2013 година, а амбициите ни се до 2019 година да имаме целосно нова гранична документација за границата. Тоа ќе биде на европско ниво, со европски стандарди и исклучително точна. Нема да биде како старата описна документација, туку ќе има мерна вредност. При случување гранични инциденти брзо и точно може да се утврди секој дел на границата, изјави денеска Пламен Танев, началник на сектор за геодезија и картографија при Министерството за внатрешни работи на Бугарија.
Танев е дел од работната група што престојува во македонскиот Катастар за утврдување на идните активности за снимање и премер.
Современа гранична документација е изготвена за 45 километри од државната граница на Македонија со Бугарија, од граничен столб 50 до граничен столб 72. На тој дел во 2013 година е направен премер и аерофотограметриско снимање. Собрани се податоци за сите прекршни точки на граничната линија и за нив се одредени координати во државниот координатен систем. Од аерофотограметриското снимање извршена е обработка на снимките и изготвени се 16 карти во размер 1:5000, во картографска и ортофото верзија. Надлежните институции од двете држави лани од јули до октомври извршија теренско снимање и на границата од граничен столб 72 до граничен столб 106 (тромеѓе меѓу Македонија, Србија и Бугарија) во должина од 70 километри. За тој дел од границата, како што информира директорот на македонскиот Катастар Славче Трпески, за годинава е предвидено да се направи аерофотограметриско снимање и комплетна обработка на податоците од премерот и снимањето.
- Со програмата на Министерството за надворешни работи за снимање и премер на заедничката граница со Република Бугарија за 2017 година, предвидено е да се изврши премер од граничниот столб 50 до тромеѓата меѓу Република Македонија, Република Бугарија и Република Грција, рече Трпески.
Тој потенцира дека Македонија е единствена држава од поранешните југословенски републики со решени државни граници со соседните држави. За државната граница со Грција граничната документација е изработена во 1987 година, а за државната граница со Република Србија и Република Косово границата е обележена и за неа е изготвена најсовремена гранична документација заклучно со 2012 година. Државната граница со Република Албанија и Република Бугарија е дефинирана и за неа постои описна документација, но неопходно е да се изврши премер за да се изготви современа гранична документација.
Активностите за граничната докумнетација се согласно потпишаната Спогодба помеѓу владите на Македонија и на Бугарија во 2000 година, врз основа на која е формирана е Мешовита комисија за чување, одржување, обновување и обележување на македонско-бугарската државна граница.
Ново на Сител
-
Најмалку 24 загинати во пожарите во Лос Анџелес
-
Зеленски е подготвен на размена на заробените севернокорејски војници за украински
-
Облачно и студено со повремен слаб снег
-
Забрана за камиони на патот Делчево - ГП Делчево
-
Барселона го декласираше Реал Мадрид и го освои шпанскиот Суперкуп
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска